TIMELINE
КАКО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДА ДОБИЕ ФУНКЦИОНАЛЕН ПАРЛАМЕНТ
Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје на 11.04.2018 (среда) во 12 часот во просториите на Парк Хотел и спа ја организираше дискусијата „Како Република Македонија да добие функционален парламент“. На настанот како дискутанти се појавија: Ненад Марковиќ (ИДСЦС), Фросина Ременски (СДСМ), Влатко Ѓорчев (ВМРО ДПМНЕ) и Џевад Адеми (ДУИ), додека во улога на модератор беше Гордан Георгиев (ИОХН-С).
Главната цел на дискусијата беше да поттикне поширока расправа за функционалноста на Собранието на РМ, што е поврзано и со препораките на Групата од високи експерти за системските прашања за владеење на правото. Настанот ќе цели да ги опфати можните решенија за: еманципација на законодавната од извршната власт, подигнување на општото ниво на дебата во парламентот преку делиберативни методи, како и поголемо вклучување на јавноста/граѓанските организации во работата на собранието.
Темите на кои се дискутираше беа:
• Делиберација наспроти јалови дебати во парламентот
• Позицијата на опозицијата во парламентот
• Парламентот како механизам за надзор и отчетност на извршната власт
• Изборниот систем и функционалноста на парламентот
• Силни политички партии – слаби пратеници?!?

ПАНЕЛ ЗА ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР
Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје на 14 септември 2018 година (петок) со почеток во 19 часот во ГЕМ клубот организираше „Панел за Преспанскиот договор. Дискусија за идентитетските аспекти на договорот.“
Панелот имаше за цел критички да ги разгледа бројните аспекти на Договорот за кои е потребна мултидисциплинарна стручност. Говорниците, секој и секоја поаѓајќи од сопствената професионална и научна подлога, ги разгледуваа културолошките, политичко-филозофски идентитетски прашања поврзани со Договорот како и нивните правни и политички димензии од аспект на интердисциплинарната област на меѓународните односи.
Учесници на панелот се:
– Проф. д-р Катерина Колозова (ИОХН-Скопје)
– Д-р Акис Гаврилидис (Collectif Manifestement – Брисел)
Воведничар / Модератор: Доц. д-р Гордан Георгиев (ИОХН-Скопје)
За учесниците на панелот:
Катерина Колозова е директорка на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје и професор по родови студии на универзитетот Американ Колеџ – Скопје. Таа исто така е визитинг професор на неколку универзитети на територијата на бивша Југославија и Бугарија. Своите постдокторски истражувања ги спроведувала на Универзитетот Беркли-Калифорнија, под супервизија на Judith Butler. Таа е координаторка на бројни меѓународни истражувања од областа на родовите студии и политичката филозофија и една од основачките на Регионалната мрежа за родови студии на Југоисточна Европа. Автор е на книгите Cut of the Real: Subjectivity in Poststucturalist Philosophy (Columbia university press, 2014), Toward a Radical Metaphysics of Socialism: Marx and Laruelle (punctum books, 2015) како и ко-уредник на After the “Speculative Turn”: Realism, Philosophy, and Feminism (punctum books, 2016). Колозова е автор и на повеќе поглавја на книги од областа на политичката философија во издание на Edinburgh University Press, Bloomsbury University Press, Rowman and Littlefield, и др.
Акис Гаврилидис е писател и преведувач. Роден во Солун (Грција) во 1964, во моментот живее и работи во Брисел (Белгија). Студирал право во Белгија а во 1998 докторира на филозофија на право како и на политичка антропологија во рамки на пост докторските студии. Член е на “Collectif Manifestement” од Брисел како и контрибутор на публикацијата на колективот Manifeste du dégagisme (Maelström, Bruxelles 2012). Објавува и преведува текстови за повеќе печатени и интернет списаниjа. Публикации (на грчки јазик): Democracy against liberalism. The notion of natural law in Spinoza (Athens, 2000), The incurable necrophilia of radical patriotism. Ritsos-Elytis-Theodorakis-Svoronos (Athens, 2006), The continuation of the civil war with other means (Athens, 2007), In a world of authenticity we are all strangers (Thessaloniki, 2007), Billy Wilder: the (self-)criticism of the Hollywood spectacle (Athens, 2009), We settlers. The nomadism of names and the pseudo-state of Pontus (Yànnina, 2013). На англиски јазик: Grexodus: Notes for a Non-strategic Strategy, (LAP Lambert Academic Publishing, 2015), како текстови во голем број меѓународни зборници.
Гордан Георгиев е активен во граѓанскиот сектор веќе 20 години. Георгиев беше извршен директор на Форум-ЦСРД, една од водечките тинк-тенк институции во Македонија и директор на Македонската школа за политика, под покровителство на Советот на Европа и дел од регионалната мрежа од училиштата за политика составена од 15 земји од Балканот, Русија и Комонвелтот на независни држави. Тој има дипломирано и магистрирано политички науки и меѓународни односи на Институтот за политички науки во Париз, како и магистрирано Европски студии на Кингс Колеџот од Лондон. Во 2009 година тој ја реализираше Програмата за извршно образование на Харвард. Во 2016 се стекнал со степен доктор по политички науки, работејќи на општествени системски теории и структурите на моќ. Има објавувано трудови во многу регионални и меѓународни списанија. Георгиев е дел од авторите на „Проблемите на репрезентативната демократија во Европа“, приредена од Јан Мариус Вирсма (2014, Vangennep Amsterdam) и на „Преобликување на имиџот на политичките партии во ЈИЕ”, приредено од Георги Карасименов (2007). Од 2009 до 2013 година, Георгиев беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија (СДСМ), каде што претседавал со Комитетот за култура.

ТРАНЗИЦИСКАТА ПРАВДА КАКО ПАТ НА НОРМАЛИЗАЦИЈА И ДЕМОКРАТИЗАЦИЈА НА ПОСТ-АВТОРИТАРНО ОПШТЕСТВО
Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје на 10 декември во х. „Солун“ организираше панел дискусија на тема: „Транзициската правда како пат на нормализација и демократизација на пост-авторитарното општество“.
На дискусијата земаа учество: Гордан Георгиев, Џабир Дерала, Харалд Шенкер и Катерина Колозова (Модератор).
Целта на настанот беше да ги преиспита постоечките методи на транзициската правда и нивните нужни прилагодувања на македонскиот контекст. Според појдовните претпоставки на методите на транзициската правда, онака како што се елаборирани во прирачниците Обединетите нации, после смена на едно авторитарно уредување со власт која тежнее кон демократизација, патот кон правната држава оди преку еден вид национално помирување. Овој процес се сведува на намалување на поларизацијата на јавниот говор, но и на несудски разрешници на трауматски искуства кои во нормални услови би ги решавала правната држава. Транзициската правда поаѓа од претпоставката дека во едно трауматизирано општество на компромитирани институциите, судскиот систем сам по себе нема ниту капацитет на апсорпција ниту професионален капацитет и интегритет соодветно да „подели правда.“ Затоа, се прибегнува кон средства како комисии на вистина и помирување, скалеста или (ретко) потполна амнестија и судски разрешници за престапи кои се преголеми за да можат да бидат праведно санкционирани по пат на другите форми на транзициска правда.

КАКО ДО ДЕПОЛАРИЗАЦИЈА НА ЈАВНИОТ ГОВОР?
Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје во рамки на проектот „Соработка помеѓу политичките партии и граѓанските организации: Намалување на асиметричната моќ на извршната власт“ (поддржан од National Endowment for Democracy) на 23.01.2019 организираше панел со претставници на политичките партии под наслов „Како до деполаризација на на јавниот говор?“ Целта на панлот беше да се отвори поширока дискусија за моделите на култура на парламентарен дијалог и дебата, која треба да ја надмине политичката поларизација во државата. Дискусијата беше од затворен тип за да може да се вкрстат ставовите на различните општествени чинители, слободно и без јавен притисок (Chatham House Rule). Притоа, идејата зад тоа е да се развијат предлози и перспективи со кои може да се стимулира поголема децентрализација и деконцентрација на моќта во самите политички партии.
Учесници:
Проф. д-р Ирена Стефоска, независна пратеничка
М-р Весна Дамчевска-Илиевска, пратеничка на ВМРО ДПМНЕ
М-р Љупчо Петковски, извршен директор на Евротинк
Модератор: Проф. д-р Гордан Георгиев, Институт за општествени и хуманистички науки – Скопје

ПОЛАРИЗАЦИЈАТА КАКО СРЕДСТВО НА ПОПУЛИСТИЧКО ВЛАДЕЕЊЕ И КАКО ДА СЕ НАДМИНЕ
Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје на 17 октомври 2019 одржа промоција на публикацијата „Поларизацијата како средство за популистичко владеење и како да се надмине: Анализа базирана на македонскиот случај на социо-политичките напори за надминување на состојбата на „заробена држава” како главна одлика на управувањето.”
Публикацијата е резултат на повеќегодишно следење и анализа на состојбата со „заробената држава” во Република Северна Македонија, популистичките изблици на политичките елити, мобилизацијата на популистичкиот дискурс во создавање на политички непријатели, манипулација со емоциите и создавање поделби во јавниот простор (медиумите, социјалните мрежи итн.). Публикацијата претставува аналитички и фактографски обид за справување со феномените на популизмот и дискурзивната креација на политичкиот Друг.
Промотор на публикацијата беше д-р Гордан Георгиев, раководител на проектот, а свои коментари во дискусијата даде Ана Петрушева, директор на Балканската истражувачка репортерска мрежа (БИРН) Македонија.

Поларизацијата како средство за популистичко владеење и како да се надмине |
ДЕПОЛАРИЗАЦИЈА НА ЈАВНИОТ ДИСКУРС: МАКЕДОНСКИОТ „НЕВИДЛИВ“ КРИТЕРИУМ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ
Институтот за општествени и хуманистички науки, Скопје на 27 јуни ја организираше дебатата – панел дискусијата на тема: Деполаризација на јавниот дискурс: македонскиот „невидлив“ критериум за членство во ЕУ
Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје (ИОХН-С) е непрофитна истражувачка организација за применети општествени и хуманистички науки посветена на повеќе-тематските студии на политиките. Има статус на научна установа во областите на општествените науки и хуманистиката доделен од Министерството за образование и наука на Република Македонија (Решение за работа бр. 30) Институтот е акредитиран да врши високообразовна дејност на ниво на магистерски студии).
Веќе втора година, ИОХН-С спроведува проектни активности во рамките на областите помирување, транзициска правда и деполаризација на јавниот дискурс. Во рамките на проектот, досега се реализирани повеќе дебати, консултативни средби, работилници и јавни настани со цел да се разбере, поддржи и поттикне процесот на деполаризација во македонското општество. Во активностите што ги спроведува ИОХН-С досега учествуваа повеќе од стотина пратеници, партиски претставници и претставници на партиските подмладоци, експерти и заинтересирани на темата (историчари, психолози, новинари, политиколози, правници). Исто така, Институтот има објавено повеќе анализи и студии на политики на горенаведените теми.
Во рамките на дебатата, воведно излагање на темата имаше претседателот на Република Северна Македонија, д-р Стево Пендаровски. На панелот земаа учество и д-р Трајко Славевски, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Ивана Туфегџиќ, пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, и Кристијан Кастања, експерт за Балканот и соработник во францускиот Сенат и д-р Катерина Колозова, професорка на Институтот за општествени и хуманистички науки од Скопје. Настанот го модерираше д-р Гордан Георгиев, раководител на проектот.
На дебатата беа поканети претставници од граѓанскиот сектор, претставници на подмладоци на политичките партии, студенти на последните години на политички и правни науки, како и преставници на дипломатската заедница во РСМ и претставници на меѓународни организации кои работат во РСМ.

ОСНОВНИТЕ ЧЕКОРИ НА ПОЛАРИЗАЦИЈА И ПОПУЛИЗАМ
Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје со задоволство Ви ја претставува брошурата „Основните чекори на поларизација и популизам“. Документот се надоврзува на истражувањата на ИОХН-С за деполаризацијата и популизмот, што Институтот ги изработува во изминатиот период. Делот посветен на популизмот прави анализа на десниот и лев популизам и ги одредува нивните карактеристики во контекст на нашето општество и има аналитички пристап. Од друга страна, визуелизациите содржат примери од нашиот контекст, реферирајќи на поларизирачките дебати кои беа и се присутни во јавниот дискурс.
Брошурата може да ја најдете на линкот подолу.

Основните чекори на поларизација и популизам |
ПОЛАРИЗАЦИЈАТА КАКО СРЕДСТВО ЗА ПОПУЛИСТИЧКО ВЛАДЕЕЊЕ И КАКО ДА СЕ НАДМИНЕ (ВТОРО ИЗДАНИЕ)
Поларизацијата на едно општество е прашање на дискурзивната поларизација во истото. Сè се сведува на создавање наратив на историја на конфликт и конструирање на идентитет на противникот. Поларизацијата се случува во и по пат на јазикот, но нејзините последици се материјални и може да предизвика и конфликти, насилства или злосторства.[1] Според некои експерти од областа на комуникациските студии на поларизација и конфликти, обликувањето на непријателот е изведено преку процес на дискурзивна манипулација со емоциите. Тоа е метода која го исклучува рационалното согледување поради тоа што и тоа подразбира некаква форма на дијалог – согледување на аргументите на спротивната страна, нивната валидност и поткрепеност со факти. Затоа поларизацијата на дискурсот се стреми да функционира преку емоциите: бес, омраза, олицетворување на наративот и интересите на спротивставената страна во согласност со наративот на едноставните приказни, каде нивното олицетворение се непријателот наспроти хероите од другата страна. Монике Жозе Ратејзер-ван дер Велде го проучувала овој феномен како воспоставен метод во политиката на поларизирање и понудила структурна анализа на неговите инструменти и општествените улоги на учесниците.
Според неа постојат три основни закони за поларизација:
1. „Поларизацијата е „идеја (концепт)“ која е втемелена во дихотомијата на два конструирани, спротивставени идентитети: „ние“ и „тие“[…]» (2018: 38)
2. „Вториот закон е дека на поларизацијата ѝ треба гориво. Идејата (концептот) за тоа какви сè се „тие“ наспроти „нас“ треба постојано да се потврдува.» (2018: 39)
3.„Третиот закон е дека поларизацијата е водена од емоции, а не од рационалност или логика во размислувањето. Таа претставува емоционална динамика.“ (2018: 40)
Како што е наведено погоре, рационалноста треба да биде исклучена бидејќи таа неизбежно води кон истражување на спротивниот наратив.
Според Ратејзер–ван дер Велде (2018) и Барт Брандсма (2016) во процесите на создавање на поларизирана комуникација, која се карактеризира со натпреварувачки, конфронтирачки и взаемно побивачки наративи, постојат 5 улоги или видови на активност.[2] Првата група се нарекува „поттурнувачи“ и е составена од оние кои ја креираат, одржуваат и ја унапредуваат поларизацијата. Тие не само што создаваат една речиси фиктивна слика за противникот, туку и поттикнуваат омраза кон оние кои сакаат да ја зачуваат неутралноста. Со други зборови кажано, неутралните се еднаква цел на „поттурнувачите“ како што се и нивните политички противници – сè до моментот кога ќе им се приклучат и станат нивни поддржувачи. Овие ја сочинуваат втората група наречена „приклучени“ која е составена од неутралците кои поради големиот притисок биле принудени да излезат од неутралната зона и да пристапат кон една од спротивставените страни. Овие „приклучени“ не заземале страна само спонтано, поради афинитет кон некоја од страните, туку и поради тоа што неутралноста или неодлучноста станала неодржлива и неподнослива. Неутралците се сведени на статус на „предавници“ – обвинети за тивко одобрување на демонизираниот непријател и еднакво таргетирани ако не и повеќе од самиот противник. Бидејќи нема дијалог ниту директна размена со непријателот, спречена е секоја можност за комуникација, дури и непријателска. Сликата за противникот е речиси митска, нереална и секоја хуманизација на истата би ја поткопала фикцијата за „чисто зло.“ Во таква ситуација, кога противникот е надреален, единствена човечка форма која што може да биде нападната и повикана да се приклучи е „неутралецот.“ Третата група е онаа на „молчеливи.“ Нивниот избор е да не бираат страни и бидејќи неутралноста е нападната, тие остануваат тивки и се стремат да останат „невидливи“ (не се појавуваат во медиуми и не ја огласуваат својата неутралност и немањето желба да одберат страна). „Молчеливите“ се мнозинство и тие ја избираат својата неутралност не толку како политички став, туку како противење кон насилство да се избере страна (дури и ако тоа е само вербално). Четвртата група ја сочинуваат „градителите на мостови“ кои се обидуваат да ги усогласат разликите инсистирајќи на сличностите, наместо на разликите меѓу двете групи, или пак на хуманизирање на разликите, наместо нивно демонизирање. Ратејзер-ван дер Велде (2018) тврди дека методите на оваа група- „градители на мостови“ се осудени на неуспех бидејќи ја имаат истата логика на идентитети и градат врз база на постоечките концепти на идентитетска слика за противникот и за себе.
„Иако мотивацијата на „градителот на мостови“ е да воспостави мир и хармонија, неговата активност само ја потврдува поларизацијата; почетната позиција на дијалогот се уште e разликата помеѓу двете страни, а идентитетот се уште е тема на дискусијата. Колку и да е нагласено дека идентитетот на другиот е исто така ок , тој се уште е „различен од нашиот“ правејќи го сомнителен по дефиниција.“ Ратејзер – ван дер Велде (2018: 42-43)
Петтата група според Брандсма и Ратејзер-ван дер Велде претставува жртвено јагне. Во одреден момент кога средината, молкот или неутралноста стануваат невозможни, притисокот за поларизација како севкупна водечка сила има потреба од жртвено јагне за да се оствари целосна поларизација. Вообичаено, „градителите на мостови“ се претвораат во жртвени јагниња. (Ратејзер-ван дер Велде, 2018: 43). Како последица на тоа „градителите на мостови“ не можат да ја одиграат улогата на „менувачи на играта“ бидејќи тоа бара промена на дискурсот, општествената визија која е над владејачкиот дуалистички дискурс.
—————-
[1] Monique José Ratheiser-van der Velde, “Crossing ideological borders: How to contribute to depolarization within society and on a global level?,” World of Media Journal of Russian Media and Journalism Studies Issue 1, 2018 (Moscow, 2015), 35-48 (DOI: 10.30547/worldofmedia.1.2018.3)
[2] Bart Brandsma, Polarisatie: inzicht in de dynamiek van wij-zij denken (Schoonrewoerd: BB in Media: 2016).

Поларизацијата како средство за популистичко владеење и како да се надмине (Второ издание) |