Одзаробување на „административниот ум“: Поларизација на односите меѓу граѓаните и државата
Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје ја изработи анализата на политики Одзаробување на „административниот ум“: Поларизација на односите меѓу граѓаните и државата. Документот е изработен како дел од проектот Нови предизвици во надминувањето на „демократското уназадување“ во Северна Македонија: „Заробената држава“ и „илибералната демократија“ во ревидиран контекст, поддржан од фондацијата National Endowment for Democracy.
Целосниот документ може да го погледнете на линкот подолу.
Извадоци од студијата:
Наместо услуга кон граѓаните се овозможува комодитет за државата – се отежнува пристап до гарантирани права во функција на тоа државата да превенира замислена злоупотреба. Постојат органи за прогон и иследување и тие дејствуваат кога ќе се појави оправдан сомнеж. Нормалните услуги не смеат да се претворат во превентивни алатки на органите на контрола и прогон. Но, најзагрижувачко е тоа дека, како што е правилото, „што поголема бирократизираност – тоа поголема можност од корупција“ , па така сите овие административни лавиринти ниту ја направија нашата држава правно посигурна, ниту поотчетна ниту подобар сервис на граѓаните. Нашето споредбено читање на германскиот закон за нотарски услуги и македонскиот, покажува за Запад непосведочена присилна нотарска заверка барана од државата.
Целосната имплементација на Законот за општата управна постапка може да биде единствениот пример на навистина „добар закон а лоша примена“ односно безмалку никаква. Можноста од имплементација е поткопана и од други противречни правни одредби што регулираат одредени области. Со цел целосно да се имплементира Законот за општата управна постапка, треба да се спроведе целосна дигитализација не само на процедурите на поднесок – и не само архивирање на документите кои треба да ја направат постапката поефикасна, пократка и поевтина – туку и софтверско процесирање одлука, решение и произведување документ (по примерот на Естонија каде што дигитално самите ја изведувате постапката на поднесување барање за пасош и по софтверското процесирање, самите си го подигнувате и печатот и пасошот од истата онлајн платформа). Исто, треба да се намали бројот на административните службеници, товар кој е многу тежок за носење за македонската економија, па така, што поголема дигитализација значи и подобра економија а не само поефикасно администрирање на јавните политики и реализирање на граѓанските права.

ОДЗАРОБУВАЊЕ НА „АДМИНИСТРАТИВНИОТ УМ“ | |
File Size: | 587 kb |
File Type: |
Проектот се спроведува со финансиска поддршка преку програмата Цивика мобилитас
Projekti realizohet me mbështetje financiare përmes programit Civica Mobilitas

Дисклејмер: Цивика мобилитас е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), кој го спроведуваат НИРАС, МЦМС и ФЦГ. Мислењата кои се изразени овде не нужно ги одразуваат ставовите на Цивика мобилитас, СДЦ или пак спроведувачките организации
Disclaimer: Civika mobilitas është projekt i Agjencisë zvicerane për zhvillim dhe bashkëpunim (SDC), të cilin e zbatojnë NIRAS, MCMS dhe FCG. Mendimet e shprehura këtu jo domosdo i reflektojnë qëndrimet e Cvika mobilitas, SDC ose të organizatave zbatuese.