Колозова: Државниот апарат како да се штити сам себе од граѓанинот, наместо да го штити граѓанинот од себе
ЦИВИЛ Медиа разговараше со една највредните претставнички на академската, научната и филозофската фела во земјава и едно од најрелевантните имиња во светската современа филозофија, проф. д-р Катерина Колозова.
Таа е дел од интелектуалците кои својата општествена одговорност ја сфаќаат сериозно и секојдневно даваат драгоцен придонес кон општествените процеси. Иако агендата на д-р Колозова е претрупана со обврски кон научната работа и Институтот за општествени и хуманистички науки чиј основач е самата, таа одвои време за еден исклучително интересен и динамичен разговор на неколку теми, како што е анализата на политики под наслов Одзаробување на „административниот ум“: Поларизација на односите меѓу граѓаните и државата, на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје, корупцијата и различните перцепции, реформите во образование, говорот на омраза, општествената одговорност на интелектуалците во земјава, и други теми коишто произлегоа од разговорот, а се поврзани со главните прашања.

ЦИВИЛ МЕДИА: Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје, чиј основач и прв човек сте Вие, неодамна ја објави анализата на политики под наслов Одзаробување на „административниот ум“: Поларизација на односите меѓу граѓаните и државата. Затоа, можете ли да ни кажете накратко, за што се работи – која е целта на оваа анализа? Кој и на каков начин треба да ја прочита оваа анализа и што очекувате од главната целна публика на оваа опсежна анализа?
КОЛОЗОВА: Анализава произлегува од серија претходни анализи што ги имаме работено, и не само анализи, врзано за анализите и кампањи за подигање свест, директно застапување, на пример, застапување на тема деполаризација на политичките односи, на тема заробена држава… Во 2015 година ги направивме првите системски анализи, што е тоа заробена држава во наш контекст, и секогаш се обидувавме да ја подигнеме свеста за тоа. Уште од тогаш, ние работиме на оваа тема, ја продлабочуваме и откриваме нејзини нови аспекти. На пример, од пред некоја година се занимававме со поларизацијата на политичките односи, која што онемозвожува вистинска делиберација во парламентот, потоа ги студиравме изворите на слабоста на законодавниот дом, како форма на власт, наспроти извршната власт, па и судската наспроти извршната власт. Се обидувавме системски да ги проучиме изворите, корените на таквата слабост, сметаме дека корените се системски, и на системски начин овозможуваат толкава превласт, или надмоќ на извршната власт, над другите форми на власт, повторно, дел од дефиницијата заробена држава, во оваа наша смисла на зборот, наша во смисла на тоа како институтот ја употребува, во смисла на тоа како Европска комисија ја употреби во Извештајот од 2016 год. , и во смисла на тоа како впрочем експертите за Западен Балкан, го користат зборот.
Едноставно се сведува на демократско назадување. Во таа дефиниција на заробена држава, влегува таа асиметрија, суштината можеби, на дефиницијата, асиметријата меѓу извршната власт и другите две форми на власт. Заради тоа го работевме и прашањето на Парламентот, изборниот систем, повторно за ова да се разбере, оваа асиметрија на моќ, го работевме и прашањето на поларизација во име на вистинска делиберација, и конечно, во последниве година и нешто, го поставивме прашањето од коешто ние всушност и почнавме. А тоа е – кои се механизмите, конкретните механизми на заробувањето на државата. Да ја објаснам дефиницијата и зошто тука е централна тема. Заробена држава не го користиме како фраза што вообичаено се користи на запад, како „кеч“ ( catch) фраза, таа не е ни политичка дефиниција во вистинска смисла на зборот, како што се користи на запад, дури се користи обратно на запад, „капиталот ја заробува државата“. Ние, уште во анализите во 2014 и 2015 година, почнавме да го користиме терминот во традицијата на анализите на автори како Андреј Носко, од источна Европа, од бившите социјалистички земји на источна Европа, и во тој контекст се случува специфичен тип на заробување, така и таа дефиниција е специфична. „Заробена држава“ во нашиот контекст е специфична дефиниција којашто не може да се изедначи со генеричкиот поим. И заради тоа, и во анализата што ја спомнувате, ние постојано велиме заробена држава во контекст на хибридните режими или илибералната држава во источна Европа, за да објасниме како го разбираме тоа.
Заробувањето е нешто што не нужно се сведува на корупција. Кај нас, медиумите, откако почнавме и ние со нашата кампања во 2015 год., откако ЕУ излезе со Извештајот, медиумите, јавноста, многу често го користат како синоним за корупција. Не, заробувањето во овој наш контекст, тоталитарен, илиберален или хибриден режим, каков што разви до перфекција Никола Груевски, се состои дури и во нешто сосема спротивно од класична корупција. Се состои од трикови и механизми на легализирање на нешто што не би требало да биде допуштено во нормална, европска демократска земја. Се што вие всушност го доживувате на лично ниво, еве дури да речеме и како квалитет на живот, како граѓанин, се што доживувате како корупција, коруптивно, недемократско, насилно од страна на државата, е всушност совршено изведено, согласно уставот и законите, како што постојано велеа порано. И во тоа е целиот штос, се е направено согласно уставот и законите, кога ќе видите, вие не дека немате rule of law, вие имате хиперболизиран rule of law, но поставен наопаку, на обратни вредности.
Последниве две години, откако излезе вториот извештај на Прибе, каде што тој ја соопштува следнава дефиниција за заробена држава. Вели –заробената држава во контекст на Македонија, а јас би кажала можеби и за Србија и за цел западен Балкан може да се употреби, се состои во асиметријата, тоа што го кажав на почеток, преголемата моќ на извршната власт наспроти сите други форми на власт. И тогаш предупреди, дека ако оваа држава, односно новата политичка елита не го препознае овој проблем, заробеноста и натаму ќе продолжи.

ЦИВИЛ МЕДИА: Анализата Одзаробување на „административниот ум“… му претходи на Индексот за перцепција на корупцијата за 2020 година во кој Северна Македонија паѓа на најниското место до сега, 111-то место. Како ги коментирате овие резултати од истражувањето на перцепцијата на Транспаренси Интернешнл? Дали тоа се надоврзува на Вашите истражувања?
КОЛОЗОВА: Знаејќи ја методологијата на Транспаренси, тоа е на некој начин сопоставено на нашата анализа, се надоврзува на неа, но нашата анализа е од сосема друг тип. И дури сака да поентира, да прати порака, повторно во духот на темата одзаробување, која е малку поразлична од тоа што е во фокусот на анализите и мерењата на Транспаренси. Ние во оваа студија, за административниот ум и неговото одзаробување, се концентрираме на бирократската неефикасна администрација, која има приод кон легализмот, којшто е спротивен од европската филозофија, а тоа е дека администрацијата треба да му служи на граѓанинот.
Тука зборувам за обичниот граѓанин.
Дека граѓанинот и неговото достоинство, пазете, е во центарот на добрата администрација. Тоа е тоа што ја дефинира како добра администрација. Ние заклучивме дека кај нас има обратна улога. Ги имаме текстовите на законите, и дојдовме до заклучок дека имаме таков процедурализам, на којшто не му е гајле за основната вредност на доброто администрирање, коешто го става граѓанинот во центарот, и којашто меѓу другото е една од вредностите, односно од темелните права, формулирано како темелно право, правото на добра администрација.
Добрата администрација има две карактеристики, таа е ефикасна, и таа е евтина. Евтина во смисла на време и пари, за граѓаните, ефикасна во полза на граѓаните. Имате процедурализам којшто значи бесконечни лавиринти за граѓанинот, значи напор, време и пари за да се добие најбанален документ, и во самиот законодавен текст, целата логика е таква што државата постојано бара доказ за ова, доказ за она, судски преведено, нотаризирано, дупло нотаризирано и така натаму…
Целата логика е така поставена што државниот апарат како да се штити сам себе од граѓанинот, наместо да го штити граѓанинот од себе. Затоа што државата и нејзините јавни институции се тие што имаат моќ, граѓанинот е сам, и слаб. Особено ако не е од високата класа. Целата логика е свртена наопаку. Така што, анализата покажа на сите текстови што ги исчитавме за материјални закони, во делот на процедурализмот, дека воопшто не е точно дека законите ни се добри а имплементацијата ни е лоша. Напротив, сите поединечни закони, материјални закони, ни се лоши во делот на процедурализмот, од причините што сега ги објаснив, и го става граѓанинот во постојана агонија за најбазични услови.
Така што, само можам да кажам дека во кратката верзија на оваа студија ние заклучуваме дека од сите закони, само еден е навистина добар, а не се применува, и тоа воопшто, тоа е законот за општа и управна постапка. Кога тој закон би се применувал, накај 300 закони би требало да се ревидираат, и можат слободно, според мене, да го укинат процедурализмот што го пропишуваат, најпосле нема зошто најбанални процедури да стојат во законски текст. И да се раководат според начелата на законот за општа управна постапка во изведбата на процедурите.
Ние во таа студија тврдиме дека дигитализацијата нема ништо да донесе во смисла на добра услуга и демократизација, доколку не се пресврти оваа логика. Ова е нешто што го наследивме, тоа е до перфекција развиено, од климаксот на заробувањето во времето на Никола Груевски. И тој тип на административна логика владее и ден денеска. Владата на СДСМ или не успеа да го препознае како проблем и да сфати дека во административниот проблем буквално лежи процедурализам, и правната неизвесност, и садистичкиот, па и отуѓувачкиот однос на државата кон граѓанинот, и со тоа се создава поларизација, сега веќе од друг тип , граѓанин –држава. Значи, или владата на СДСМ не успеа да препознае дека тоа не е неутрален технички терен, администрацијата, туку тоа е лицето на „Левијатанот“, со кој се соочува обичниот човек. И тука нема постигнато напредок, според нас, и тоа е нашата анализа.
Како се супоставува нашата анализа со таа на Транспаренси Интернешнл – нас не интересираше перцепцијата на обичните луѓе за корупција. И не само за корупција туку и за нетранспарентна, неотчетна администрација и слично. Ние работевме квалитативно истражување, за разлика од Транспаренси Интернешнл, работевме со обични луѓе, коишто на крајот ги споделуваа своите најобични агонии, приказни, од тоа како се мачеле да извадат извод од матичната книга на родените, до тоа што слушнавме дека се плаќа, од некое прозорче, за да ви го дадат изводот побргу, до извештајот на народниот правобранител, од претставки од обични луѓе, кои што соопштиле дека управниот суд, никогаш, ама никогаш во последните четири години (четири извештаи анализиравме), не пресудил во полза на обичниот човек, или на некаков правен субјект којшто се соочил со државата.
Тоа потврдува дека нема ни правда. Управниот суд е празна институција лишена од смисла. Ние, за разлика од Транспаренси, се концентриравме на обичниот човек. И сметам дека не е прашање на политичка волја, дека не е начин на идеологија и оправување, еве тоа е оваа власт, или отсуство на волја да се реши проблемот. Јас сметам дека има слепа точка на непрепознавање дека во таа обична администрација, секојдневна, во наводно хиперлегалистичкото управување, лежи заробеноста.
Според мене, по некоја инерција, и оваа власт има импресија дека тоа е некаква безинтересна машина на технократи којашто така само професионално си ги извршува работите. Во самиот процедурализам, кој е наследен од груевизмот, останува филозофијата на заробување. Транспаренси Интернешнл, ја знаете нивната метода, тие ја темелат емпириската подлога на нивната анализа и аргумент, нивниот индекс е сочинет од податоци коишто се собрани од елитата. Луѓето од бизнисот, бизнис заедницата, нивниот фидбек и од експерти, експертски аналитички куќи.
Ние постојано тврдиме, и во оваа студија, и во претходната студија што ја објавивме, и поседуваме податоци од истражување на демографски приоритети на маргиналните општествени групи, во којшто спаѓаат и масовни облици на демографија, како сиромашни, жени и тн., не можам да ја цитирам студијата бидејќи само учествувавме како стручна поддршка, интелектуална сопственост е на друг, но веројатно наскоро ќе излезе, каде што ќе видите дека обичниот човек е соочен со овој хорор на секојдневната администрација, и корупцијата ја гледа таму. Во тоа истражување, се гледа дека обичните, мали луѓе, воопшто не се грижат за корупцијата на високо ниво. Зошто? Затоа што тоа е на едно ниво над нивната секојдневна реалност, нив не ги интересира, за нив е тоа висока политика, високата корупција. Нив ги интересира на секојдневно ниво, тоа што нив им го засега квалитетот на животот.
Така што, анализата на Транспаренси Интернешнл, која што се базира на перцепциите на елитите, затоа што, дури и експертите се фокусираат на тоа што е фокус на елитите… На политичките елити, Брисел што вели, Брисел налага борба со висока корупција, така што таа анализа се занимава со тие прашања, затоа што интелектуалните елити тоа ги интересира. Бизнис елитите, големите капиталисти, нив ги засега. Јас би кажала дека тоа е друга форма на корупција, друго прашање од редот на корупција, но тоа не е гласот на народот. Тоа е гласот на елитите којшто е релевантен, да, важно е прашањето на висока корупција, но, тоа се аспекти на корупција коишто имаат врска со создавање добра клима за странски инвестиции, добра клима за големиот капитал итн. , што не е неважно, но тоа не е народното доживување на корупцијата. Многу јасно е опишано како се формира индексот на Транспаренси Интернешнл.
Експертско мислење на експертски организации, тинк-тенк, светски банки и слично, и бизнис елитата, стои во описот на методологијата. Не е ирелевантно, но тоа не е сликата како што се доживува во медиумите. И сликата на народот е лоша, но се концентрира на ова ниво, средно и ниско ниво, и го обелоденува фактот дека обичната, навидум само чисто техничка администрација е еден вид на опресија за нив, еден вид на отежнување на животот, еден вид на суштинска заробеност на државата, што им го снижува квалитетот на животот. Тоа е според мене првата перцепција, и такви анализи имаме работено ние, потоа ние во рамки во таа организација што ја спомнав, демографско истражување за гласачки приоритети, и уште една организација, МЦМС има направено анализа минатата година за перцепција на корупција на средно и ниско ниво. Тоа е тоа што го имаме како инпут, и е различно од транспаренси.

ЦИВИЛ МЕДИА: Концептот за реформи во образованието кој го понуди Министерката за образование и наука, покрена лавина реакции во академската, но и пошироката јавност. Мотивите за дел од тие реакции се познати. Дел од Вашите размислувања и анализи имавме прилика да ги прочитаме во Вашите анализи објавени и на ЦИВИЛ МЕДИА. Како Вие го оценувате концептот, а како реакциите на новиот концепт на образование?
Колозова: Јас не можам да сфатам таква реакција од академска заедница, реформата се базира на прогресивен концепт за образование. За жал, ние немаме прогресивна научна дисциплина која ќе се бави со прашањето на образование, се уште имаме катедри за педагогија. Кога секаде во светот, во делумно развиените академски средини одамна има интердисциплинарни подрачја наречени educational studies. Педагогијата, наследена од претходниот поредок е една дисциплинирачка, идеологизирачка субдисциплина на учениците во тогашното, југословенско време, не знам што се има случено сега, во пост транзициската ера, но ние немаме ниту соодветно научно подрачје за да се осмисли како што треба реформата, односно, една реформа од ваков вид.
Тоа што за пофалба, кај министерката и нејзиниот тим, е тоа што тие успеале да компензираат за овој системски недостаток, како што го имаме на филозофски, со катедрата таква каква што е, што одбрале профили на луѓе како експерти, коишто работеле на развивањето на концепцијата, и од таа катедра, затоа што и покрај нејзината анахроност како катедра, има профили на професори и ученици коишто се прогресивни.
Според мојот суд, избрани се најпрогресивните профили на професори од таму да работат на концепцијата. Авторитети како Бешка не сакам ни да ги коментирам, ако некој е авторитет кај нас на тој план, тоа е Виолета Бешка, што значи дека успеале да создадат еден прогресивен тим, којшто има осмислено навистина европски концепт за образование. Не знам дали треба да се одговори на оние карикатурални од типот – а како ќе се предава интердисциплинарност, 15 мин. Филозофија, 15 мин. Историја, 15 мин. географија?
Некој очигледно намерно го сведува муабетот на карикатура. Сите многу добро знаеме што е интердисциплинарност, и ми се чини дека таква тенденциозна карикатуралност, намера да се карикира во јавната критика. Но, кога ќе погледнете, таа јавна критика се сведува на нешто многу едноставно. Кога ќе ги соочите сите тие професори што критикуваат со прашањето на интердисциплинарност, и ќе ги прашате- навистина ли мислиш дека тоа ќе изгледа така комично, 15 минути ова 15 она, и навистина си против интердисциплинарност?, никој нема да каже дека е против, затоа што е срамота да си професор во денешно време а да си против тоа.
Сите знаат дека тоа е духот на времето во академијата. И тогаш, се свртува целата дискусија на еден обичен спин, дека ќе се брише историјата, и дека ќе се редефинира… Јас тоа не сакам ниту да го дискутирам, затоа што го сметам за обичен спин. И целата реформа се сведе на тој еден обичен спин. Еве, јас за тој пиар ефект, и нека биде и еден вид жртва, би и предложила на владата комплетно да ги тргне историјата и македонскиот јазик од таа реформа, а да продолжи со се останато, за да докажат дека се работи за вистински образовна реформа, а не за политички трик на национално предавство во функција на Бугарија.
Така што, дури и би ги жртвувала тие два предмети, нека си ги носат, нека ги предаваат монодисциплинарно како што ги предавале осумдесет години, нема проблем, само оставете го остатокот од образованието да се тргне од мртвата точка на оваа баруштина. Јас таа реформа, ете и кај вас објавував зошто, ја поддржувам.
ЦИВИЛ МЕДИА: Како Вие ја дефинирате општествената одговорност на интелектуалците во една земја? Во тој контекст, на кое ниво е општествената одговорност на интелектуалците во Северна Македонија?
Колозова: Па ние сме сите прилично гласни, и се сметаме за одговорни, и често се огласуваме. Општествената одговорност на интелектуалецот, е да држи до сопствените вредности, коишто се некогаш наспроти двете, или трите доминантни политички води, колку и да се. Најчесто, кога звучите чудно, не знаат каде да ве сместат, или им звучите час вака, час онака, тоа е најчесто симптом дека вие си го следите вредносниот поредок, а не се приклонувате ниту кон една ниту кон друга струја како нивен прислужник. Оние коишто звучат и контрадикторно, во вредносна смисла на зборот, но секогаш се со истиот камп, јасно е на што служат.

ЦИВИЛ МЕДИА: Говорот на омразата е сеприсутен во јавниот простор, а тој не Ве одминува ни Вас. Кој е Вашиот коментар?
Колозова: Јас на тој план, може да се рече дека сум анархист. Јас не сум за казнување говор на омраза, освен ако не повикува директно на насилство, ако произведе насилство, или ако не произведува душевна болка од типот да биде систематска, константна, практично да станете предмет на еден вид онлајн систематски булинг. Има материјален, опиплив ефект, да ви го влоши животот, и има димензија на прогонување.
Јас само против една личност јавно сум покренала прашање, сум поднела претставка, па на крај и се задоволив само со едно обично извинување, не отидов на суд, ниту би одела. Таа личност имаше димензија на stalking, демнење, цело време се занимава со вас, вие сте му цело време тема. Кога веќе ќе стане демнење, и го знаеш идентитетот, се знае кој е тој човек, тој практично те прогонува, и тоа тормозење станува систематско, тука би реагирала.
Кога има опиплива штета врз квалитетот на животот на тој што е предмет на говор на омраза. Инаку, мислам дека сме сите доволно големи, да преживееме навреди, да преживееме понижувања, а јас ги преживувам на дневна база и веќе сум комплетно отпорна, така што, не сум баш снегулка на тој план.
Разговорот го водеше: Дијана Тахири
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети

#демократски_институции #institucione_demokratike #democratic_institutions #CivicaMobilitas
Извор: Civil Media https://civilmedia.mk/kolozova-drzhavniot-aparat-kako-da-se-shtiti-sam-sebe-od-graganinot-namesto-da-go-shtiti-graganinot-od-sebe/
Проектот се спроведува со финансиска поддршка преку програмата Цивика мобилитас
Projekti realizohet me mbështetje financiare përmes programit Civica Mobilitas

Дисклејмер: Цивика мобилитас е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), кој го спроведуваат НИРАС, МЦМС и ФЦГ. Мислењата кои се изразени овде не нужно ги одразуваат ставовите на Цивика мобилитас, СДЦ или пак спроведувачките организации
Disclaimer: Civika mobilitas është projekt i Agjencisë zvicerane për zhvillim dhe bashkëpunim (SDC), të cilin e zbatojnë NIRAS, MCMS dhe FCG. Mendimet e shprehura këtu jo domosdo i reflektojnë qëndrimet e Cvika mobilitas, SDC ose të organizatave zbatuese.