Основните чекори на
поларизација и популизам
Институтот за општествени и хуманистички науки во изминатата година произведе две студии на тема поларизација на јавниот дискурс како алатка на популистичко владеење. Анализите на Институтот се потпираат на претходни знаења на бројни научни и аналитички стручни публикации како и референтна публицистика. Беа консултирани стручни журнали и монографии, од Journal of Democracy до последното издание на еден од идеолозите на популистичкиот антилиберализам Contre le liberalisme (2019) од Алан де Беноа (Alain de Benoist), како и теренски податоци за популистичките партии и движења во рамки на Европските избори од 2019, но и извори стари повеќе години и кои произлегуваат од Источна Европа, како и од други делови на светот. Поаѓајќи од премисите и прескрипциите на Ернесто Лакло (Ernesto Laclau) во неговото класично дело, On Populist Reason (2005), како и веќе споменатите други извори, може да заклучиме дека популизмот е секогаш илиберално владеење, а се базирани на дикурзивните тактики претставени на страниците што следат. Популизмот може идеолошки да биде и лево и десно ориентиран.
1. Поделба на „народ“ и „елити“.
99%
Чист народ
Чист народ
vs.
1 %
Либерална елита
Либерална елита
2. „Народот“ е секогаш воден од лидер
кој е инкарнација на народната волја и глас.
кој е инкарнација на народната волја и глас.
3. Се пропагира пораката дека системот е до тој степен корумпиран од елитите, што само лидерот кој им се спротиставува застанувајќи на страна на народот може да воведе правда и ред.
4. Лидерот го говори народниот, нестручен, спонтан јазик на спонтаната справедливост со што тој го произведува ефектот на искреност и автентичност.
5. Учениот и стручен говор станува знак на елитата и се подразбира дека е лицемерен и, најчесто, лажен.
6. Илузиите пласирани од популистот, па дури и лагите или неточностите, се доживувани како повистинити од фактички вистинитото затоа што произлегуваат од „автентично“ место, „автентична позиција,“ искрена во својата крајна намера (дури и кога лаже). Затоа, се зборува и за „поствистина“ како стратегија.
7. Популистичката „спонтана“ замена на авторитетот на институциите може да се случи само кога кај мнозинството народ се развива циничен сентимент на недоверба кон институциите.
8. Спонтаната улична правда се перцепира како најавтентична, па затоа институциите имаат смисла и легитимитет само ако се алатка во рацете на инкарнацијата на народот – лидерот.
9.Суспендиран е авторитетот на институциите, кои по својата природа им припаѓаат на елитите, освен ако лидерот не им даде легитимитет на автентичност. Тој легитимитет доаѓа од нивната партизација, односно идеолошки подобна политизација.
10. Владее анти-интелектуализам, а стручното се заменува со брутално искрено
11. Што побрутално искрено набрзо станува едноставно –
БРУТАЛНО
БРУТАЛНО
Мноштвото споредбени анализи, студии и податоци покажуваат дека овие елементи и динамика се својствени во повеќето популистички (и, неизбежно, илиберални) поредоци а дека популистичката парадигма е во подем, не само во Источна Европа туку и во Западна Европа па и преку Атлантикот. Ако сведочиме промена на парадигмата, треба да имаме на ум дека со заминувањето од власт на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, популизмот и илиберализмот не мора да се надминати нужно и по дефиниција. Доколку детектираме каков било од елементите наведени погоре во дискурсот на моменталната или идната власт, треба да имаме на ум дека основата за популизам и илиберализам е поставена.
Левиот популизам е „помек“ во својата авторитарност:
1. слободата на изразување не е скратена до степенот кој е својствен за десниот популизам, но конфронтација со определени медиуми и новинари постои, како и одбивање да се легитимираат како медиуми (да им се даде изјава или интервју);
2. Партијата како инкарнација на волјата на народот постои, и со тоа и „партократија“ (или заробување на државата од партијата на власт), но политиките на власта се популарни кај широките маси, од социјална гледна точка (наспроти популарноста на големите национални наративи кај десните популисти);
3. Левиот популизам во контекст на капиталистички поредок, во својата реторика на „револуционерност“ набрзо почнува да звучи лажно и разочарува (бидејќи автентичноста е клучна за популистичкиот дискурс) бидејќи соучесништвото со глобалниот поредок станува очигледно;
4. Популизмот води кон авторитарност, а таа не е во согласност со левите идеали – што повторно води кон разочарување или наводно разобличување на лицемерноста на новата (лево-популистичка)елита.
2. Партијата како инкарнација на волјата на народот постои, и со тоа и „партократија“ (или заробување на државата од партијата на власт), но политиките на власта се популарни кај широките маси, од социјална гледна точка (наспроти популарноста на големите национални наративи кај десните популисти);
3. Левиот популизам во контекст на капиталистички поредок, во својата реторика на „револуционерност“ набрзо почнува да звучи лажно и разочарува (бидејќи автентичноста е клучна за популистичкиот дискурс) бидејќи соучесништвото со глобалниот поредок станува очигледно;
4. Популизмот води кон авторитарност, а таа не е во согласност со левите идеали – што повторно води кон разочарување или наводно разобличување на лицемерноста на новата (лево-популистичка)елита.
Доколку забележуваме дефинирачко присуство на поголемиот дел од горенаведените елементи можеме да констатираме дека се наоѓаме во популистички поредок. „Народот наспроти елитите“ е првата поларизиачка премиса која води до останатите: вистински народ наспроти предавници, вистински медиуми наспроти лажни, вистинска власт наспроти лажни претенденти за власт. Со други зборови – принципот дека секогаш има и друга страна (еднакво легитимна) е поништен. Има само една вистина, само една страна, има само монолог а не дијалог, има само „ние“ и „ние сме сиот народ што се смета (за таков - народ).“ Доколку е доминатен овој приод кај гласноговорниците на една власт, сеедно дали од лева или десна провениенција, популизмот и илиберализмот (партиското заробување на институциите) се неизбежни.